Македонија
Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата
Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра.
Додека го продава името, Заев не пропушти да ги задолжи граѓаните. Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3 отсто. Тоа значи дека за земените 7,1 милиони евра, за 15 години ќе вратиме 3,2 милиони евра само за камати. Заев зема 7,1, а ќе треба да се вратат 10,3 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, картелот ја задолжува државата без реална потреба. Расипништвото на власта само за првите 3 месеци од годината ги чинеше граѓани 300 милиони евра нов долг. Од тогаш долгот само се зголемува. Заев ги фрла идните генерации во должничко ропство. Првпат во историјата на Република Македонија со СДСМ јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот долг надмина 4 милијарди. Милиони долг, а ниту еден проект. Картелот нетранспарентно ја презадолжува државата, без да им каже на граѓаните на што ги троши парите што ќе ги враќаат идните генерации.
„Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја уништуваат државата. Додека го менуваат името, вршат и економски геноцид врз сопствениот народ. Државата повеќе од 1 година тоне. Безнадежноста и немаштијата со Зоран Заев на власт стануваат наше секојдневие. Повеќе од 1 година граѓаните се ограбуваат, а државата се понижува. Овој криминал не смее да продолжи. Државата мора да се врати на правиот пат. Зоран Заев мора да падне за Македонија да оди напред и Македонија да победи“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

