Македонија
Заев домаќин на постојаната координаторка на ОН: Соработката продолжува и во услови на Ковид-19

Премиерот Зоран Заев денеска во својот кабинет ја прими Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации (ОН) во земјава, која му го честиташе почетокот на вториот мандат со желби за плодна работа, изразувајќи поддршка за продолжување на интензивната соработка со органите и телата на ОН и во наредниот период.
Истакнувајќи дека вториот мандат во 2020 година почнува во поинаков и многу подобар политички контекст отколку во 2017 година, Заев порачал дека Владата останува посветена на имплементација на договорите со Грција и Бугарија, на зајакнување на независните институции, политичкиот дијалог и подобрување на економскиот и социјалниот стандард на граѓаните.
Тој се заблагодарил и за огромната поддршка што ја има нашата земја од Обединетите нации.
На средбата било потенцирано дека партнерската соработка меѓу Владата, институциите и ОН за активностите за реализација на глобалните цели за одржлив развој, утврдени од Обединетите нации продолжуваат со ист интензитет, особено во справувањето со последиците од пандемијата на Ковид-19 и преземањето мерки за стабилизирање на економијата во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.