Македонија
Заев до претседателот на ИХФ: Ракометот е спорт број 1 во земјава, благодарни сме што организираме светско првенство
Премиерот Зоран Заев се сретна со претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ) Хасан Мустафа, кој беше придружуван од Живко Мукаетов, претседател на Македонската ракометна федерација (РФМ) и Филип Милошевски, генерален секретар на РФМ.
Како што информираат до владината прес-служба, на средбата Заев ги поздравил сите напори и вложувања што ги прави Ракометната федерација и потенцирал дека ракометот е спорт број еден во нашата држава.
„Светското првенство во ракомет во машка конкуренција до 19 години, кое се одржува во Скопје претставува вистинска афирмација и промоција не само на спортот, туку и на државата во светски рамки“, рекол премиерот Заев кој на присутните им честитал за организацијата на првенството.
Премиерот нагласил дека во иднина ќе се зголемува поддршката со цел дополнително развивање на ракометот и спортот во земјава, а со претседателот на ИХФ разговарал за искуствата од вложувањето во спортот и спортската инфраструктура, оценувајќи дека токму тоа е правецот кој ќе овозможи што поголем број на млади да спортуваат и да се занимаваат со ракомет.
Мустафа и Мукаетов ја поздравиле определбата на Владата за поддршка на спортот и се согласиле дека заеднички ќе работат на остварување на што поголеми резултати во ракометот и промоција на спортот воопшто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

