Македонија
Заев, Дураки, Спасовски и Шекеринска во Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница
Владата донесе одлука да се формира Совет за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, во следниот состав Зоран Заев – претседател на Владата, Садула Дураки – заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска Јанковска – министер за одбрана, Никола Димитров – министер за надворешни работи, Викторио Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу – директор на Агенцијата за разузнавање иГоран Василевски – раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.
Владата на седница го утврди предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи. Основната цел на предложените измени и дополнување е заштита на правата од областа на пензиското и инвалидското осигурување на пензионирани работници од Министерството за внатрешни работи кои правото на пензија го оствариле во периодот од 01.01.1994 година до 20.03.2010 година исклучиво според одредбите на тогаш важечкиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување со што ќе се ублажи неправдата на овие пензионирани работници.
Со предложените измени, овие пензионирани работници на МВР ќе се стекнат со право на пензија согласно одредбите од Законот за внатрешни работи од 2010 година, според кои старосната пензија се утврдува во висина од 80% од просечната месечна нето-плата што работникот ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.
На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање, на оваа седница е разгледана и усвоена информацијата за обезбедување средства за финансирање на пристапен пат до претоварната станица во општина Ранковце со препорака до Јавното претпријатие за државни патишта да направи проценка за изработка на проектна документација и за изградба на патот најдоцна до 16.12.2019.
Патот е дел од проектот за воспоставување самоодржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион, чија вредност изнесува околу 40.000.000 евра. За реализација на овој целокупен проект, со кој трајно ќе се реши управувањето со отпадот за Северно-источниот и Источниот Регион, неопходно е да се исполнат одредени обврски од страна на општините и јавните комунални претпријатија од двата региона.
Министрите во владата ја разгледаа информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети на државните универзитети и утврдија препораки за поддршка на одржувањето на континуитет на професорскиот и асистентскиот кадар со предлог за финансиска поддршка на научните проекти кои би се развивале во соработка со индустријата.
Оваа информација ја презентираше заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој на оваа седница ја образложи и информацијата за дуално образование со предлог концепт за апликација во образовниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

