Македонија
Заев: ЕУ е најголемиот партнер на Северна Македонија и Западен Балкан
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес, преку видеоконференција учествуваше на самитот на ПЕС (Партија на европските социјалисти), самит кој е еден вид претходница на самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Загреб, кој исто така се одржува речиси во исто време.
Заев во своето обраќање пред лидерите на ПЕС истакна дека овој самит се организира во услови на планетарна криза, која уште повеќе ја истакна потребата од солидарност и практична демонстрација на социјалдемократските вредности.
„Благодарни сме за помошта што ЕУ ѝ ја овозможува на нашата земја, како и на земјите од Западен Балкан. Финансиските пакети, но, пред сè, и отворањето на сите ЕУ-механизми и инструменти претставуваат начин на кој ЕУ ја покажува солидарноста не само со своите земји членки туку и со оние што претендираат да бидат рамноправен дел од европското семејство. Во таа насока најавениот економски и инвестициски план за Западен Балкан од страна на Европската комисија ќе биде од огромна важност за поддршка на приватниот сектор, енергетската поврзаност, дигитализацијата, зелената агенда и транспортот“, истакна тој.
Од европска страна за време на видеосамитот беа искажани многу директни и силни пораки за поддршка и стимулација на сите процеси поврзани со приклучувањето на Западен Балкан во ЕУ, но и во самата борба со коронавирусот. Според високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпреседател на ЕК, Жосеп Борел, Европската Унија е најголемиот и најдоверлив партнер на Западен Балкан.
Според Ираче Гарсија, која е претседател на ПЕС во Европскиот парламент, европското семејство нема никогаш да биде комплетно без Западен Балкан. Оваа криза е одлична можност да ги ставиме сите механизми на ЕУ на располагање и цврсто да се држиме до социјалдемократските вредности и да ги напуштиме популистичките политики.
За време на видеоконференцискиот самит лидерите на сите социјалдемократски и социјалистички партии се договорија и за заедничка декларација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада
Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би станало збор и за укинување на техничката влада.
Мицкоски изјави дека не би влегувал во процес на укинување на техничката влада без политички консензус, оценувајќи дека ваквите промени треба да се носат со согласност на сите релевантни политички чинители.
Тој потсети дека пред изборите раководството на СДСМ јавно се залагало за бришење на техничката влада и посочи дека допрва треба да се види дали таа позиција сè уште важи.
„Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема Бадентер. Но, не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно“, рече Мицкоски во интервју за „Алфа“.
Според него, доколку постои заедничка оценка дека техничката влада го кочи функционирањето на системот, има проблеми со уставноста и не остава доволно простор за маневрирање, тогаш таквите измени треба да се направат, но исклучиво со политичка согласност.
„Планирам од утре да упатам покана до сите лидери на политички партии или водства на коалиции што имаат пратеничка група во рамките на парламентот, да организираме една лидерска средба“, изјави Мицкоски.
На средбата би станало збор и за изборот на Народен правобранител и реформските закони поврзани со напредокот на државата кон Европската Унија.
„Да покажеме зрелост и да разговараме отворено на теми за кои немаме дијаметрално различни ставови. Сите велиме дека сме за Европската Унија, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија, ајде да седнеме и да разговараме“, порача Мицкоски.
Македонија
На Божиќ се роди Миха – првото бебе во 2026 година во Кочани
На Божиќ, 7 јануари, во раните утрински часови се роди Миха, првото новороденче во 2026 година во Кочани. Мајката Виолета од Оризари роди здраво машко дете, второ во семејството Димитровски од Оризари.
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска го посети Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница – Кочани, каде што со д-р Илчо Атанасовски, којшто го изврши породувањето и со директорката на болницата Катерина Мирчовска-Паниќ ѝ ја честитаа рожбата на мајката.
Градоначалникот им ги врачи традиционалните подароци на бебето и на мајката и им посака добро здравје и многу среќа во животот.
– Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на нашиот Бог, Исус Христос се раѓа и нова надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е јасна порака со која, Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што многупати го кажавме, за повторно раѓање на Кочани и на кочанската болница. Од мое лично име и од име на Општина Кочани на малиот наш сограѓанин, му посакувам безгрижно детство, многу здравје и да биде гордост на неговите родители и на нашиот град Кочани. Ние како Општина ќе бидеме посредник меѓу централната власт и институцијата болница во Кочани за што е можно побрзо возобноување и повеќе инвестиции, како на кадровско така и на организациско поле – рече градоначалникот Грозданов.
На Гинеколошко-акушерското одделение и на дежурната екипа градоначалникот им врачи подароци и им посака успешна работа во 2026 година.
Доктор Илчо Атанасовски соопшти дека во 2025 година на Гинеколошкото одделение во Кочани се извршени 1600 прегледи и 230 хоспитализации. Бројот на породувања е помал во споредба со лани, но бројот на дијагностицирани карциноми е зголемен од 5 во 2024 на 16 во 2025.
Според директорката Паниќ-Мирчовска се очекува брзо кадровско екипирање на Гинеколошко-акушерското одделение со нови специјалисти, како и подобрување на медицинската опрема во кочанската болница.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

