Македонија
Заев за Глигоров: Ќе го паметиме по неговото лидерство, искуство и мудри политики
Киро Глигоров е првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија и личностa што ги поврза двата столба на македонската државност. Тој е најзаслужен за создавањето самостојна Македонија, единствена држава од сите поранешни републики на Југославија која по мирен пат и без војна прогласи независност. Претседателот Глигоров со мудрата надворешна политика ја отвори вратата на Македонија кон светот, модерните демократии и остави личен печат кон нејзината меѓународна афирмација, порача премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето 101 година од раѓањето на Киро Глигоров.
Тој додава дека Глигоров ќе го паметиме по неговото лидерство, искуство и мудри политики во начинот на раководењето со државата во тешките и критични моменти во деведесеттите години. Ќе го паметиме како лидер и државник од кого научивме многу за независноста, самостојноста и зајакнувањето на суверенитетот на нашата држава.
„Токму поради неговите политики, денеска Македонија слободна, слободно живее! Претседателот Глигоров претставува инспирација за денешните идеи и политики за слободна и напредна Македонија. Тој велеше дека, без оглед на вера, националност и традиции, граѓаните треба да бидат еднакви во сите права и обврски. Затоа, денеска чекориме по неговата визија и мудрост за успешна и просперитетна Македонија. Македонија – едно општество за сите, со економски просперитет, интеграција кон ЕУ и НАТО, со институции во служба на граѓаните и демократски реформи. На одбележувањето 101 година од раѓањето на Киро Глигоров ја испраќаме пораката дека ќе се водиме по овие столбови што значат сигурност за нашата држава затоа што Македонија е сè што имаме!“, вели Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

