Македонија
Заев: Зголемувањето на споровите решени со медијација ќе ја подобри сликата на Македонија пред ЕУ
Премиерот Зоран Заев синоќа имаше средба со делегација на Комората на медијатори на РМ (КМРМ), претставувана од Славе Младеновски, претседател на Комората, и членовите Роза Алексова и Дејан Белевски.
„Изразувајќи благодарност за средбата, како и за политиките на Владата кои носат поддршка, од КМРМ истакнаа дека вклучувањето на медијацијата во Стратегијата за реформа на правосудниот систем е од исклучително значење и непосредна придобивка за граѓаните. Задоволни од досегашната соработка со Владата, особено за можноста што им е дадена како учесници во работната група на Владата да контрибуираат во измени на законската легислатива од областа на медијацијата и за другите релевантни прашања од оваа област, членовите на делегацијата на Комората на медијаторите нагласија дека се надеваат на понатамошна соработка и помош од Владата во насока на донесување и преземање одредени нормативни, логистички и оперативни решенија за промовирање и развој на медијацијата во земјата“, соопштија од Владата.
Заев потенцирал дека од приближувањето на медијацијата до граѓаните, посебно до вработените во јавната администрација, се очекува поголема придобивка за целото општество, пред сè во смисла на обезбедување економичност, ефикасност и брзина во решавање на спорни ситуации, и заштеда во буџетите на граѓаните и на државата.
„Развојот на медијацијата ќе ја подобри и сликата на РМ во европскиот извештај за напредок во областа на алтернативното решавање на споровите“, додал премиерот Заев на средбата со делегацијата на Комората на медијатори на РМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

