Македонија
Заев и Вучиќ го најавија проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ се сретнаа на граничниот премин Табановце Прешево и најавија почеток на имплементација на проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop.
Тие во своите обраќања пред медиумуте истакнаа дека со реализацијата на овој проект се отвараат перспективите за зголемување на економската соработка и трговска размена преку овозможување на побрз проток на луѓе, капитал и стоки помеѓу двете земји.
„Дозволете да го изразам моето задоволство што во присуство на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ имаме можност да најавиме еден значаен проект за граѓаните на двете земји, но верувам и за граѓаните на целиот овој регион. Тоа е концептот на заеднички гранични контроли со едно застанување, или т.н One Stop Shop концепт. Македонија ја има честа да го отвори првиот на нашиот најпрометен граничен премин со Република Србија“, порача Заев.
Тој изрази благодарност до Светска Банка за поддршката што ја пружа во реализацијата на овој значаен проект за кој рече дека ќе овозможува на едно место, во исто време на заедничка локација преку едно застанување, граѓаните, превозните средства и стоките побрзо да поминуваат на граничниот премин Табановце Прешево. Премиерот Заев соопшти дека овој проект престатвува дел од заедничката економска агенда на земјите од Западен Балкан.
„Навистина ми е драго што Шенген механизмите ги воведуваме овде и ја носиме Европа овде на Балканот. Драго ми е што ова претставува само уште еден пример на големото пријателство помеѓу Македонија и Србија, кое секогаш е докажано. Денеска имаме прилика да го потврдиме тоа големо пријателство за коешто знам дека ќе расте во периодот што доаѓа“, истакна Заев.
Тој посочи дека постои волја од страна на двете земји да се отворат и нови гранични премини на кои веќе работат владите и најави дека следува потпишување на билатерални договори на заедничката владина седница помеѓу институциите на двете земји за да се започне со употреба на овој систем.

Во одговор на новинарско прашање премиерот Заев рече дека институциите на двете земји ќе негуваат целосна меѓусебна доверба во реализација на овој проект. „Податоците од Светска Банка кажуваат дека на Балканскиот Полуостров се губи една милијарда долари годишно заради чекање на граничните премини. Транаспортните средства а посебно камионите, 80 проценти од своето време го поминуваат во чекање на границите, а само 20 проценти на автопатите. Сите овие податоци ни укажуваа дека треба брзо да делуваме и да им помогнеме да стопанствениците и трговската размена бидејќи тоа е нашата функција да бидеме од корист на граѓаните и стопанството“, додаде Заев.
За актуелните преговори на релација Приштина Белград премиерот Заев рече дека на заеднички ручек ќе се информира од Претседателот Вучиќ за одредени текови и она што е преокупација на пријателска Република Србија.
„Македонија поддржува позитивно решение за Косово. Решение коешто ќе ја унапреди благосостојбата и на Србите и на Албанците и на сите други граѓани кои живеат на Косово. Решение коешто ќе ја гарантира и безбедноста, и мирот, и просперитетот и на Србија, и на Косово и на целиот овој наш регион. Значајно е сите лидери овде на регионот да бидат обединети околу заедничките цели, а тоа се траен мир, регионална соработка, економски развој и членство во Европската Унија“, рече Заев во одговор на новинарско прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“
Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.
Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.
„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.
Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.
Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.

