Македонија
Заев и Могерини оптимисти: Можно е во јуни Македонија да добие датум за почеток на преговорите
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција изразија оптимизам за можноста Македонија во јуни да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.
Прашана за очекувањата дали е можно Македонија да добие датум, по ставови искажани од страна Грција, дека нема време за решение на спорот до Самитот во јуни, Могерини рече дека не сака да шпекулира како ќе одлучат 28 земји членки на ЕУ за два и пол месеци, но дека време има и треба да се искористи позитивно и храбро, како што е направено тоа во последните десет месеци, кога се направени чекори што биле незамисливи.
Таа додаде дека е оптимист, дека времето може да се искористи како што било искористено и од страна на Македонија и од страна на Грција за разговори и преговори досега и дека се надева дека резултатот е возможен.
Високата претставничка изрази мислење дека Европскиот совет може дефинитивно да донесе позитивна одлука затоа што во спротивно ЕК не би дала препорака, ако сметале дека тоа не е така.
Оптимизмот е присутен и во очекувањата на Заев, кој оцени е можно Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, на Советот на министрите во јуни.
„Јас сум убеден дека ќе добиеме датум за преговори поради тоа што досега го имаме постигнато со Грција, навистина и го гарантира тоа. Ќе бидеме сите среќни, ако најдеме решение, а верувам дека тоа е можно. Еве видовте дека имам причина да бидам оптимист и Федерика е оптимист заедно со мене, заради тоа што верувам дека оптимизмот навистина помага во изнаоѓање решенија од секаков вид, па дури и на вака чувствителни решенија“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

