Македонија
Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата
Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот со плата од 85.113 денари, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Владата за платите на премиерот, вицепремиерите и на министрите за декември 2020 година.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, е трета на списокот според висината на платата со 74.273 денари нето-плата.
По неа се министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска. Шекеринска зема 72.989 денари, а Стефоска 72.670.
Со плати над 70.000 денари се и вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби (70.102 денара), вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи (71.385 денари), вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров (71.385 денари), министерот за надворешни работи, Бујар Османи (70.102 денара) и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски (70.102 денара).


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

