Македонија
Заев: Македонија е лидер во регионот во финансирање на програмите за борба против ХИВ и туберкулоза
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се обратија на 39. состанок на Одборот на Глобален фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.
„Сакам да истакнам дека почнувајќи од оваа година, Република Македонија во целост го презеде финансирањето на проектите за борба против ХИВ и туберкулоза. За оваа намена, Владата на Република Македонија за 2018 година издвои 1,5 милиони евра или 3 и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Со тоа, Република Македонија стана лидер во регионот во однос на финансирањето на програмите за борба против ХИВ и туберкулоза од страна на државата“, рече во своето обраќање премиерот Заев.
Тој исто така нагласи дека стапката во нашиот регион на ХИВ и на туберкулоза е прилично ниска и затоа проблемите на овие болни, за жал, како што рече премиерот, понекогаш ги ставаме во втор план, и паѓаат во сенка на сите други предизвици со кои земјите од овој регион се соочуваат во областа на здравството.
„Токму ниската стапка на болни до некаде ни ја олеснува работата. Со релативно мали инвестиции, но со фокусирани напори, имаме шанса и двете болести да ги ставиме под целосна контрола, па дури и да ги искорениме. Овие прашања не треба да зависат од политичка волја бидејќи се прашања на основните човекови права“, додаде премиерот Заев пред присутните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

