Македонија
(Видео) Заев: Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството

„Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение што го штити достоинството на граѓаните во двете држави“, порача премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ во врска со средбата што се одржува во Софија.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се сретнаа на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Софија, Република Бугарија. Како што соопшти Владата, двајцата премиери разговараа за актуелниот момент во разговорите за проблемот што Република Грција го има за уставното име на Република Македонија и за можностите да ги доближат разликите за решение прифатливо за двете страни.
Ова е втора тет-а-тет средба на двајцата лидери. На самитот се расправа за европската перспектива на земјите од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Децентрализацијата на социјалните услуги, клуч за подобра грижа за граѓаните

Денеска, во просториите на ЗЕЛС се одржа состанок посветен на разгледување на можностите за децентрализација на социјалните услуги.
На состанокот, покрај претседателот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваа и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој воедно е и претседател на Комисијата за социјални прашања при ЗЕЛС, како и други градоначалници и претставници на локалната самоуправа.
На состанокот се дискутираше за иницијативата Центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Овој чекор се гледа како клучен во насока на подобрување на пристапот и квалитетот на социјалните услуги, како и за зајакнување на координацијата меѓу локалните и централните институции.
Со пренесувањето на надлежноста, општините би добиле поголема улога во управувањето со центрите за социјална работа, кои и понатаму би функционирале во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Ова би овозможило поконкретен и поефикасен пристап во грижата за граѓаните, особено за ранливите категории.
-Секако дека треба да се одбере модел кој е проверен и базиран врз регионалното искуство. Децентрализацијата на социјалните услуги значи поголема достапност за граѓаните, побрза реакција на институциите и креирање функционален систем кој ќе одговара на реалните потреби на локалното население. Локалната самоуправа е најблиску до граѓаните, затоа таа треба да има клучна улога во грижата за нив- изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

СДС и Филипче на различна фрекфенција, како се стекнал Филипче со златна виза? СДС и Филипче имаат различни ставови за златната виза. Прво велеа дека нема златна виза, па Филипче призна дека има златна виза. СДС упорно го брани, а Филипче ги демантира нивните напори. СДС и Филипче се во тотален хаос, па по низа скандали со нивни членови со дрога, имаме молк, а за потеклото на златната виза, повторно молк од СДС и Филипче, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес, повторно прашуваме, како Филипче се стекнал со златна виза? Дали преку инвестиции во Дубаи? Дали е ортак со Заев за градење на 50катница во Дубаи? Дали Филипче има добиено златна виза со инвестирање над 500 илјади долари во Дубаи? Исто така, за добивање на златна виза треба потврда од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина.
Го прашуваме Филипче, дали има студирано медицина во Дубаи и ако има, кога? Дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?“
Доколку, како што рече Манасиевски, Филипче не даде потврда за студирање во Дубаи, тогаш Филипче треба веднаш на македонската јавност да се извини, да си поднесе оставка и да одговори, како стигнал до златната виза за Дубаи и со кои пари.
Според него, СДС и Филипче тонат секојдневно во нови скандали.
„СДС и Филипче се демаскирани и прочитани.
СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција“, додава тој.
Македонија
Жерновски: Владата на Мицкоски не ја напушти било која партија, Таравари не е било кој политичар, туку клучната фигура

Ниту една политичка партија не напушта влада која е успешна. Никаде и никогаш. Напротив, се заминува тогаш кога таа влада нема резултати. Или, најчесто, кога има, но се катастрофални.
Така е (дури) и кај нас, пишува на социјалните мрежи Андреј Жерновски, поранешен заменик-министер во МНР откако вчера Таравари соопшти дека неговата партија одлучила да си замине од Владата.
„Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да си заминат од Владата.
Да се потсетиме. Тоа не е било кој политичар, туку клучната фигура со чија кандидатура на последните претседателски избори дојде до целосен пресврт во албанскиот политички кампус, што повлече одлучувачки импликации и врз целокупниот.
Владата на Мицкоски ја напушти не било која партија, тука главниот senior partner. А тоа кажува многу, да не речам се’.
Таравари потенцира дека одлучиле да излезат од Владата за да се вратат кај народот. Сурова и прецизна опишана реалност, бидејќи оваа влада по само неколку месеци од својот мандат “успеа” да се оттуѓи од граѓаните, од оние кои и’ дадоа огромна доверба, кои веруваа во неа“, вели Жерновски.
По само неколку месеци, стана јасно, како што вели, дека оваа политичка гарнитура ги погази сите, предизборни ветувања.
„Наместо да ги направи горди граѓаните, ги понижи, нарекувајќи ја Македонија “нашата земја”. А друго се ветуваше, зарем не?
Ги понижува секојдневно со веќе неподносливата економска состојба, во која слободно дивеат цените на основните прехранбени производи, не презимајќи никакви мерки за да ги стабилизира цените.
Во право е професорот Узунов кога вели дека Македонија ја живее најлошата економска состојба во последниве децении“.
Сведоци сме, додава Жерновски, на девастирана бизнис клима, во која 9 месеци нема враќање на ДДВ и плаќање на обврски кон стопанството.
„Што да кажеме за дезориентираната надворешна политика која, во очигледна немоќ, се претвори во туристичка дипломатија. Повторно станавме изолирана држава, никој веќе не ни доаѓа во посета.
Сведоци сме на афери на актуелни министри и директори кои веќе не можат ни да се набројат, се’ збогатено со безброј примери на непотизам, за кои веќе нема ни деманти.
Едно нешто требаше да знае Мицкоски, а тоа е дека што поголема доверба добиеш од граѓаните, толку е поголемо нивното разочерување кога ќе ги разочараш и излажеш.
Сега, по сето ова, тој останува со само еден крајно нестабилен junior partner, каде е прашање на време кога ќе излезат на површина внатрешните превирања“, пишува Жерновски.
Во заклучокот вели дека некогаш големото парламентарно мнозинство почна да се ситни.
Тоа, како што оценува, е процес кој ќе продолжи да трае и кој ќе донесе дополнителна нестабилност во фунционирање на Владата.
„Оттаму, смело, се надевам не и арогантно, ќе си дозволам да прогнозирам три работи:
– Дополнителен број на пратеници од ВРЕДИ кои ќе преминат на другата страна.
– Поделба во пратеничката група на ЗНАМ.
– Следствено на сето ова, вонредни парламентарни избори, кои ќе се одржат заедно со локалните, но поверојатно идната пролет.