Македонија
Заев-Мајер: Реформите имаат силна поддршка од Германија
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија, Штефан Мајер, кој беше придружуван од германскиот амбасадор во нашата земја, Томас Герберих.
„Премиерот Заев на средбата ги пренесе впечатоците од последната средба со канцеларката Ангела Меркел во Берлин во рамките на самитот за Западен Балкан и уште еднаш ја истакна благодарноста за поддршката што нашата земја ја добива од СР Германија и лично од канцеларката Меркел. Блиските пријателски односи меѓу двете земји се отсликуваат во повеќе области, со посебен акцент на економската соработка, како и во соработката на прашањата за евро-атлантските аспирации на Република Северна Македонија, меѓу кои истакнато место има заедничката соработка на планот на безбедноста“, соопштија од владината прес-служба.
Мајер ја нагласил благодарноста на неговата земја за исклучително значајната соработка на двете земји на планот на безбедноста и на заедничките иницијативи во управувањето на бегалската криза.
„На средбата во Владата на РСМ беше заеднички констатирано дека двете земји остануваат посветени на заемната поддршка и соработка и дека СР Германија продолжува да ја афирмира потребата Република Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ во најавениот термин како поддршка на остварените реформи и на решавањето на сите отворени прашања со соседите“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

