Македонија
Заев на миса во Католичката црква: Да ги дочекаме деновите исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар
Премиерот Зоран Заев присуствуваше на црковната служба со која по повод празникот Христово раѓање – Божик, во храмот „Пресвето срце Исусово“ во Скопје чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Македонија.
На мисата во централната католичка црква во Скопје присуствуваа и членовите на Владата, заменик-претседателката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

По повод празникот Христово раѓање – Божик, премиерот Заев упати писмо со честитки до сите припадници на Католичката црква и до сите христијани што денеска го слават Христовото раѓање, во кое се вели:
„Убавината и топлината на пораката за Божик – Христос се роди, нека ги исполни уште еднаш со радост и топлина срцата на сите верници од Католичката црква и православните христијани кои денеска го слават големиот празник – Христовото раѓање. Нека се исполнат со духот на Божик домовите на сите со мир во душите и со радоста на живеењето, и нека нè поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Да му помогнеме на секој обесхрабрен и неутешен.
Така ќе ја шириме и пораката на Богомладенецот кој стана човек за да го види светот со нашите очи, но постојано да нè потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме во личности според неговиот образ. Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот. Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар“, пишува во писмото по повод празникот Христово раѓање – Божик, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

