Контакт

Македонија

Заев на прес-конференција со Меркел, Моравјецки и Борисов: 43 милиони евра за проекти за Северна Македонија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и со премиерот на Бугарија, Борис Борисов, се обрати на заедничката, завршна прес-конференција на Самитот на Западен Балкан во Познањ, Република Полска, во својство на копретседавач на Берлинскиот процес во наредните 12 месеци, функција која ќе ја сподели со премиерот Борисов.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање пред европската, регионалната и националната медиумска јавност, премиерот Заев им се заблагодари на полските домаќини за одличната организација на овој Самит, како и за бројните настани и активности кои му претходеа, и на иницијаторката на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел, која, како што рече премиерот Заев, несомнено даде силен импулс за европската перспектива на Регионот и регионалната соработка.

„Сметам дека сите треба да бидеме горди на постигнатите резултати. Регионалната соработка доби нова димензија. Реализирани се мноштво на проекти и започнати се мноштво иницијативи кои треба да допринесат кон економски развој, зголемена трговска размена и меѓусебно подобро разбирање и помирување. Берлинскиот процес несомнено се покажа дека помага во остварувањето на стратешката цел на регионот – неговата интеграција во ЕУ, но тој не треба да го супституира пристапниот процес, туку и натаму да биде со него комплементарен“, рече Заев и додаде дека во Познањ имаше можност да се направи пресек на постигнатото и да се отвори дискусија за иднината на процесот.

„Несомнено регионот се повеќе станува сопственик на процесот. Еден од доказите за тоа е што во наредната година одлучено е Бугарија заедно со Република Северна Македонија да бидат ко-претседавачи на процесот ко-домаќини на Самитот. Тоа е извонредна вест за сите и е доказ за градењето на добрососедските односи, продлабочениот политички дијалог меѓу земјите и зрелост за повисоко ниво на соработка. Искрено се радувам, што со мојот пријател и колега, премиерот Борисов заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од Берлинскиот процес и ќе воведеме нова практика на заедничко претседавање на една држава членка на ЕУ и една држава кандидатка за членство во ЕУ од Западен Балкан. Оваа заедничко претседавање само ќе го зацврсти нашето пријателство и ќе биде позитивен пример за идните години на Берлинскиот процес“, рече Заев. Тој додаде дека е голема чест што за прв пат од стартот на Берлинскиот процес една земја членка од Западен Балкан, кандидат за членство во ЕУ, како што е Северна Македонија, да копретседава со Берлинскиот процес и заедно со Бугарија да ги организира и координира проектите за поддршка на политиките на евроинтеграции на регионот.

Заев истакна дека оваа чест, истовремено е и одговорност и обврска да ги одржиме перформансите на иницијативата.

„Во наредните години нашата визија е целиот Регион да се најде во повисока фаза на интеграција во ЕУ. Напредокот во пристапниот процес отвора уште поголем потенцијал за соработка и економски развој на Регионот. Уверен сум дека овие цели ќе бидат постигнати“, потенцираше премиерот Заев на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Моравјецки, со канцеларката Меркел и со бугарскиот премиер Борисов.

Во продолжение премиерот Заев изрази благодарност во име на Владата и во име на народот на земјата за новиот пакет за поврзаност, со кој Европската комисија им оддаде признание на политиките на Северна Македонија со фонд од 42,7 милиони евра за три проекти од огромна важност за земјата.

„Околу 13,2 милиони евра ни се доделени за Интерконекторот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија за снабдување со природен гас, како еден од најзначајните енергетски проекти во овој дел на Европа, чија реализација ќе значи можност, иднина, конкурентност, безбедност и сигурност при снабдувањето со природен гас. Нашата држава, нашата Влада и јас лично ќе се заложиме овој проект да продолжи и кон нашите први соседи Косово и Србија и така да добие уште поголема регионална вредност. Тоа ќе ја зголеми енергетската независност на државите од Западен Балкан, и ќе ја зголеми меѓусебната поврзаност на овие држави и нивните економии во регионот“, рече Заев.

Тој објасни дека околу 2,8 милиони евра од овој фонд ѝ се доделени на земјата за изградба на заедничкиот железнички граничен премин и патен пристап на Табановце на границата меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, за да се олесни и подобри движењето на стоки и лица долж Коридорот 10, и дека 27,8 милиони евра ќе бидат насочени за изградба на Автопатот А4, Блаце – Скопје, како придонес кон подобра поврзаност во Коридорот 8 и како продолжение на завршениот автопат Приштина – Блаце до нашата граница.

„Сите овие проекти имаат вредност и корист за целиот регион и ќе имаат позитивен ефект врз раздвижувањето на економијата и олеснувањето на патувањето на луѓето. Таквите проекти ја изразуваат вистинската вредност на Берлинскиот процес и регионалната соработка, а граѓаните и компаниите можат да го почувствуваат тоа во секојдневниот живот и работа“, рече премиерот Заев на заедничката завршна прес-конференција со премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и со премиерот на Република Бугарија, Борис Борисов.

Македонија

Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално

Објавено пред

Од

Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба

Објавено пред

Од

Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ

Објавено пред

Од

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

dobivaj vesti na viber

„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.

Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.

„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија9 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија11 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија12 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија12 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија12 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија13 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион14 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет15 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија15 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа16 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет16 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет16 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет17 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет17 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа17 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...