Македонија
Средба Заев – Грабар Китаровиќ:Хрватска силно ќе гo поддржи членството на Македонија во ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев кој е во официјална посета на Загреб, се сретна и со хрватската претседателка на државата, Колинда Грабар – Китаровиќ и со претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јадроковиќ.Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ најави дека Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Таа честиташе за Договорот со Грција и изрази надеж дека тој ќе биде брзо ратификуван во парламентот. Исто така, хрватската претседателка Грабар – Китаровиќ рече дека Хрватска продолжува да ја дава и техничката поддршка на Македонија во европските интеграции.

фото:Влада
Заев рече дека очекува успешно завршување на процесот во парламентот, со што ќе се овозможи и брзо членството во НАТО, а тоа ќе отвори и почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тој изрази очекување дека Македонија и Хрватска ќе ја зголемат трговската размена и инвестициите, бидејки тоа го овозможува искреното пријателство меѓу двете земји, како што и заеднички констатираа со претседателката на Хрватска, Грабар – Китаровиќ.
На средбата се посочени можности за соработка во инфраструктурата, поштенските услуги, фармацијата.

фото:Влада
Претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ исто така му честиташе на премиерот Заев за храброста во сложениот процес во којшто влегоа тој и Владата за да ги осигураат евро-атлантските перспективи на Македонија. Тој констатираше дека со тие политики се отвора патот во НАТО и ЕУ на нашата држава, како и дека хрватскиот Парламент ќе продолжи со потребната силна поддршка за тоа и да се реализира, посебно што Хрватска е заинтересирана просторот на сигурност во регионот да се шири.
,,Посветено работиме на домашните реформи. Низ инклузивни политики се обидуваме да работиме и во парламентот, посебно за прашања од стратешки интерес. Очекувам да се зголеми парламентарното мнозинство во поддршката на уставните амандмани, реализација на Договорот од Преспа и конечно Македонија да влезе во НАТО и да почне преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на средбата со претседателот на хрватскиот парламент”, Јадроковиќ.
Делегациите на Македонија и на Хрватска на владино ниво продолжуваат со заедничка вечера што ја организира домаќинот на утрешниот Самит на шефовите на влади на земјите членки на ЦЕИ, премиерот Пленковиќ, како и со заедничка прошетка во центарот на Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска, независната кандидатка за јавен обвинител
Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството, обвинија од СДСМ.
„Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска –независната кандидатка за државен јавен обвинител. Иако Ристоска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија“, велат од СДСМ.
Според партијата, независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.
„Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот. Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо. На кого веќе не му е јасно? Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат. Следува целосно погребување на правдата и правната држава. Исто како во времето на Никола Груевски“, велат од СДСМ.
Македонија
Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител
Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што ја даде во телевизиско интервју, таа вели дека тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат.
„Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“, вели Ристоска.
Според неа, професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува.
„Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, вели Ристоска.
Советот на јавни обвинители пред два дена на Владата ѝ достави список со позитивно мислење за четворица кандидати за функцијата државен јавен обвинител, меѓу кои е и Ристоска.
Македонија
Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ
Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници, прашуваат од СДСМ.
„Што се крие од јавноста? Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит. Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет. Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека граѓаните го плаќаат авионот, летовите, трошоците за екипаж, одржување и гориво.
„Затоа граѓаните имаат право да знаат: Кој сѐ летал со владиниот авион? Колку точно чинел секој лет?Особено што нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците. Ако сѐ било законски – објавете ги списоците. Ако нема што да се крие – покажете ги документите.Јавноста заслужува одговор“, велат од СДСМ.

