Македонија
Заев на средба со делегација на Социјалдемократската партија од Шведска
Во рамки на меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“ во организација на Прогрес Институтот, претседателот на СДСМ Зоран Заев се сретна со Меѓународниот секретар на шведската социјалдемократска партија, Јохан Хасел.
На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со реформите, процесот на евроинтеграција, но и за можноста за позасилена соработка помеѓу двете социјалдемократски партии. Заев ја реафирмираше подготвеноста на државата за спроведување на реформите клучни за интеграција во ЕУ додавајќи дека очекува новата методологија на ЕУ да биде во функција на забрзување на процесот на пристапување кон Унијата.
„Исклучително важно е да продолжи добрата соработка со ЕУ, но и соработката меѓу државите од Западен Балкан на која сите сме силно посветени, со цел целиот Балкан да биде дел од големото европско семејство бидејќи таму навистина припаѓа“, порача Заев.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев изрази благодарност за поддршката што шведската социјалдемократка партија ја дава на СДСМ низ годините, како и за поддршката што Шведска постојано ја манифестира кон Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите.
Од страна на членовите на Социјалдемократската партија од Шведска беше порачано дека храбрите одлуки и сериозни реформи што ги спроведе СДСМ, треба да бидат пример за социјалдемократските партии во регионот и истовремено изразија надеж дека новата методологија за проширување ќе донесе добри вести за Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

