Македонија
Заев на средба со Мицотакис во Атина
Премиерот Зоран Заев, кој престојува во дводневна работна посета на Грција со владината делегација, денеска ќе разговара со премиерот Киријакос Мицотакис и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Заев учествува на 24. тркалезна маса со грчката влада, организирана од магазинот „Економист“ за борбата против пандемијата на Ковид-19 и нејзиното влијание врз глобалната и европската економија.
На панелот учествуваат и поранешните претседатели на Србија и Црна Гора, Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ, поранешниот премиер на БиХ, Златко Лагумџија, и спикерот на грчкиот парламент, Дора Бакојани.
Во македонската делегација се и вицепремиерите за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист“ во Атина заврши со констатација дека во критични времиња, предизвикани од пандемијата на Ковид-19, народите од Европа мора да бидат здружени во справувањето со заканата за здравјето на граѓаните, на јавното здравје, на економијата и на општественото живеење.
Со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, и со поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, Заев информра дека на свечената вечера се согласиле дека ова е време кога заедно со националните интереси на секоја земја ги споделуваме и солидарноста и кохезијата за да направиме уште еден чекор напред кон подобра заедничка иднина.

„Пандемијата на Ковид-19 значително го промени нашето секојдневие, но заедно сме тука за да станеме посилни, за да ја совладаме и победиме заканата што предизвика здравствена, економска и социјална криза. Заеднички ја исцртуваме стратегијата за да излеземе од кризата посилни и со продлабочено пријателство од справувањето со кризата“, објави Заев на „Фејсбук“.
Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со владата на Грција и учесниците од регионот оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ и е вруток на идеи и насоки за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Од конференцијата се очекува и придонес во креирањето на новата стратегија за кохезија и заедништво на Европската Унија, како и за клучната улога на јавните здравствени политики за успешно спроведување на излезните стратегии со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

