Контакт

Македонија

Заев на трибина во Кисела Вода: Ќе ја затвориме дупката во ПИОМ, пензиите мора да растат

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и премиер, Зоран Заев, вчеравечер учествуваше на граѓанска трибина на ОО СДСМ Кисела Вода. Во своето обраќање порача дека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, посветено работи на спроведувањето на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците за живот, обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и повисоки плати.

dobivaj vesti na viber

„За само неколку месеци успеавме да испорачаме резултат и покрај тоа што наследивме катастрофлана економска сотојба. Од негативен тренд успеавме да обезбедиме економски раст. Вкупниот долг е намален, а Македонија денес е финансиски стабилна држава. Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари со што ја отворивме спиралата на раст на платите и сега просечната плата е покачена за 5,6 проценти во споредба со минатата година. Следете го овој тренд, ви ветувам поголеми плати, и до крајот на 2019 година просечна плата од 500 евра“, рече Заев.

Преку заштеди во буџетот, додаде тој, ќе се ослободат средства за нови мерки што се во интерес на сите граѓани, како значително зголемување на социјалната помош, поддршка за нови работни места и вработувања за младите, како и стабилизација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Посветено работиме на унапредување на стандардот на пензионерите, веќе ова лето ќе следи ново, второ за оваа година усогласување на пензиите. Пензиите мора да растат согласно со растот на платите и трошоците за живот. Но, истовремено, мора да работиме и на санирање на штетите во ПИОМ и тоа ќе го направиме. Фондот сега има дупка од околу 500 милиони евра годишно. Со политиките што ги планираме и ќе ги спроведуваме, со отворањето нови работни места и со економскиот раст очекуваме тој минус да се намали, а потоа и дупката од петстотини милиони евра да се затвори. Сигурни и стабилни пензии заслужуваат и сегашните, но и иднинте пензионери. Ние тоа ќе го обезбедиме“, рече Заев.

Тој истакна дека недостигот на лекови на позитивната листа веќе во првата половина на месецот ќе биде минато, бидејќи наскоро се очекува нов Закон за лекови и медицински помагала со којшто ќе се надмине овој проблем. „Со новиот Закон за лекови што треба да биде усвоен аптеките ќе добиваат вкупна квота за сите лекови и тоа значи дека нема повеќе да се соочуваме со проблемот од недостиг на лекови на 10 или 15 во месецот, туку лековите ќе бидат достапни во текот на целиот месец. Истовремено, со измените на Законот ќе се стави ред во пазарот на лекови, а за секој увозен лек ќе мора да се знае потеклото, односно да има сертификат за анализа на квалитет, со што ќе се стави крај на сомневањата за квалитетот на одредени лекови“, истакна тој.

Претседателот Заев зборуваше и за успесите на меѓународната политика во изминатиот период, враќањето на земјата на интегративниот пат и градењето добрососедски односи со сите соседи. Тој се осврна на придобивките за граѓаните од членството во Европската Унија и во НАТО.  „Членството во НАТО не обезбедува само безбедност и стабилност туку обезбедува нови работни места и повисоки плати. Само почетокот на преговорите со ЕУ обезбедува пристап до нови структурни фондови, зголемени субвенции и повеќе пари за државата, за граѓаните. Вистински патриоти се оние што ќе донесат подобар и поквалитетен живот за своите граѓани“, порача Заев.

На трибината свое обраќање имаше и претседателот на ОО СДСМ Кисела Вода, Бранко Георгиевски, кој посочи дека СДСМ останува одговорна партија којашто е отворена за граѓаните. „Нашата намера како општинска организација е преку напорна работа да покажеме дека можеме повеќе и подобро. Ја преземавме одговорноста и од тоа нема да отстапиме. Нашата цел е да бидеме партија којашто ќе ги слуша нашите сограѓани и ќе ги следи нивните потреби“, истакна Георгиевски.

Македонија

Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата

Објавено пред

Од

Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.

dobivaj vesti na viber

Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски

Објавено пред

Од

Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.

dobivaj vesti na viber

„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам.  Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Осуда стигна и од ЛДП.

„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

dobivaj vesti na viber

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.

Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.

На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.

Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија8 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија9 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија11 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион12 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија12 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија13 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет16 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа16 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет17 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа17 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет17 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет18 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија18 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...