Македонија
Заев: Нема да дозволиме ниту една форма на родово базирано насилство
Нема да дозволиме ниту една форма на родово базирано насилство, држвата е тука да ги заштити жените и девојчињата, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на онлајн конференција на Форумот на жени на СДСМ организирана по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март.
„Политички и институционално, нашиот фокус во иднина ќе биде на имплементацијата, на градење нови механизми, но и на законски подобрувања. Преку Министерството за труд и социјална политика веќе сме во процес е на донесување на новиот закон за родова еднаквост. Преку овој закон, наша цел е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет. Формирањето на секретаријатот дава приоритет на прашањето на родова еднаквост и поголеми овластувања во насока на следење на мерките за родова еднаквост, ова беше наше програмско ветување кое имам чест да кажам дека преку овој закон истото се реализира“, посочи Заев.
Претседателот Заев истакна дека државата, инситуциите, ќе се вложат во поголема заштита на жените и првенција и соодветно санкционирање на сите случаи на родово базирано насилтво.
„Последните примери, како оној со „Јавна соба“ е доказ дека сите заедно треба да делуваме и да работиме на поширок фронт, почнувајќи од едукацијата и образованието, имајќи ги предвид промените кои ги носи дигитализацијата и употребата на социјалните мрежи, па се до нови алатки и механизми за поефикасно институционално делување, вклучувајќи овде и неопходни законски измени. Не е доволна решителност или делување на само една партија, туку да предизвикаме промени, широки, општествени. Има нови форми на злоупотреби, на насилство, и ние сме решени и делуваме. Јас веќе во неколку наврати ја испратив пораката дека нема да бидеме неми на било какво насилство, особено форми на насилство врз девојките и жените“, порача Заев.
Тој осочи дека жртвите на секаков вид насилство треба да знаат дека не се сами, државата, институциите се тука за да ги заштитат но и соодветно да ги казнат сите оние кои сториле каков било вид на насилство.
„Согласно обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, ги повикуваме обвинителството и судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство. Како Влада преку министерството за правда отворивме процес за измени и дополнувања на Кривичниот законик со воведување на две нови кривични дела „Демнење“ и „Сексуално вознемирување“ СДСМ, владата, мнозинството, нема да дозволи ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да бидат премолчени или неказнети. Нашата обврска е да создадеме општество во кое нема места за какво било физичко, психичко или сексуално вознемирување, општество насочено кон превенција на насилството и заштита на жртвите.Сето ова доаѓа како континуитет на нашите политики. Како Влада ја усвоивме и Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

