Македонија
Заев: Не посакувам предвремени избори, оптимист сум дека летово ќе добиеме датум за ЕУ
Претседателот на Владата Зоран Заев, во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ рече дека тој останува оптимист дека земјата ќе го добие позитивниот сигнал од Европскиот Совет за почеток на преговорите летово и не посткува предвремени избори бидејќи, како што рече тие ги запираат економијата, реформите и процесите што се во тек.
„Ќе изгубиме најмалку шест месеци, а нашата намера е да останеме на овој пат, да продолжиме со поддршката на инвестициите, на враќањето на парите кон граѓаните со мерката поврат на ДДВ-то што треба да стартува – затоа е важно да добиеме датум. Ова ни треба сега, ова лето за да продолжат процесите. Но, до добрата вест од Брисел, сите опции се отворени“, рече премиерот Заев.
Во емисијата, покрај Заев учествуваше и министерката за труд и социјална политика, која во својата најава за идните проекти на Министерството истакна дека нареден голем сеопфатен проект е работата на Законот за работни односи.
„Започнуваме на работа на законот за работни односи. Ќе влеземе во нов дијалог со максимална инклузивност и колективно договарање во дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикатите. Тоа ќе ни овозможи да го решиме единственото укажување во извештајот на Европската Комисија за да добиеме нов, квалитетен Инспекторат за труд, во интерес на сите засегнати страни“, соопшти Царовска.
Фокус на Министерството за здравство во наредниот период ќе биде примарната заштита, рече министерот за здравство Филипче, и најави сериозни промени во овој дел од здравството од најнепосреден интерес на граѓаните.
„Ќе ја зголемиме капитацијата во примарното здравство. Во овој дел имаме намера да постигнеме најквалитетни и поширок спектар на здравствени услуги за да го намалиме притисокот кон секундарното и терцијарното специјалистичко здравство. Така на граѓаните ќе им овозможиме уште во примарната фаза да добијат соодветна услуга и терапија и решение за нивните здравствени проблеми“, соопшти Филипче, и додаде дека на оваа реформа се работи со поддршка на Светска Банка.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во своите завршни зборови во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, информираше за детали од Националниот бродбенд план кој треба да обезбеди покриеност со 5Г технологија на територијата на целата земја, како и за новата инвестиција за нова и брза интернет мрежа, за брз пристап и до руралните средини за да ги користат услугите и придобивките од дигитализацијата.
„Во соработка со Агенцијата за вработување ќе влеземе во реализација на проектот
„Дигитални сертфикати“, со кој граѓаните кои имаат потреба од тоа ќе се стекнуваат со ИТ вештини за полесен пристап до нови работни места, додека од втората фаза од развојот на Научно-технолошкиот парк, се очекуваат првите резултати на бизнис акцелераторите кои го помагаат стартот на старт-ап и старт-оф компаниите“, рече Манчевски во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит
Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март, од денеска, 2 март 2026 година, почнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.
Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.
Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот и им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани.
Фото: ЕПА
Македонија
Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска
Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот, соопштија од партијата.
„Имено, Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен и имот на членовите на семејството – иако била должна, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство. Јасно е дека се работи за свесно и намерно прикривање на имот, ако се има предвид фактот дека компаниите кои не ги пријавила Ристовска добиле 2 милиони денари од касата на ДПМНЕ, очигледно како награда за непостапувањето на Ристовска против нивните функционери“, велат од Левица.
Според партијата, оваа теза дополнително ја потврдува фактот што поранешната антикорупционерка го пријавила останатиот имот на своите деца во анкетниот лист, но, како што велат од Левица, свесно и намерно, ја изоставила фирмата која постои уште од 2020 година.
„Цвета Ристовска стана симбол на корупција во институцијата која треба да се бори против високата корупција. Таа беше директна инсталација на владејачката партија, која амнестираше два високи функционери од партијата на власт – Бојан Христовски и Ивица Томовски. Само оставка од позицијата антикорупционер не е доволна. За свесното прикривање имот одговорност за Цвета Ристовска мора да има. Ревизија на сите предмети кои ги работела компромитираната антикорупционерка мора да има за да се стави крај на штитењето на корупцијата на највисоките ешалони на власта“, велат од Левица.
Македонија
Првиот човек на НАТО доаѓа во посета на Македонија, Сиљановска-Давкова ќе го пречека со највисоки државни и воени почести
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета.
Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со претседателката Давкова.
Генералниот секретар на НАТО, утре ќе ја посети и Армијата. По неговото обраќање ќе следи презентација на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) и обиколка на дел од опремата која е во состав на оваа единица. На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.
Ова е прва посета на Руте на земјата, откако ја извршува функцијата прв човек на Алијансата.
Фото: Depositphotos

