Македонија
(Видео) Заев од Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на нашата државност, јазик и идентитет
,,Од Вашингтон дојдов во Богданци. Добивме поддршка и од претседателот Трамп, за покажаното лидерство, за градењето пријателство, за односот фокусиран кон иднината. Стигна и порака од францускиот претседател Макрон, ни ја гарантира иднината во НАТО и ЕУ. Дојдоа во Македонија канцеларката Меркел, канцеларот Курц, Могерини.Ова е исто така признание на нашата државност, јазик и идентитет, рече претседателот на СДСМ и премиер”, Зоран Заев на денешната трибина во Богданци.
Tој додаде дека целиот свет и дава поддршка на Република Македонија, а прашањето со референдумот е дали ќе бидеме дел од светот или сами во светот.
Премиерот Заев рече дека ја разбира мачнотијата од географската одредница, но укажа дека со договорот од Преспа се потврдуваат македонскиот јазик и идентитет.

,,Го потврдивме нашиот јазик и идентитет. Имаме држава признаена од цел свет, македонски народ признаен од цел свет, којшто говори јазик признаен од цел свет. Во Европскиот Парламент како македонски премиер зборував на македински јазик. Тоа е потврда на нашиот јазик и идентитет. Со овој договор ги остваруваме вековните аспирации на нашите претци”, рече Заев.
Тој додаде дека ги охрабрува сите да гласаат на референдумот.
,,Сите деца ќе влезат во НАТО и во ЕУ, но некои луѓе ќе се горди на себе како постапиле, некои ќе жалат, а некои ќе се срамат. Требало да се прават уставни измени. Тие ќе бидат еден амандман и како што е наведено во договорот, ќе се внесе географската одредница, со повикување на документите од АСНОМ за македонската државност, со водење грижа за дијадпората како секаде во Европа и без иредентизам и територијални претензии. Со успешен референдум, ова е работа на Собранието”, дополни претседателот на СДСМ и премиер Заев.
,,Ова е одлука на нашата генерација. Шансата може да ни се повтори за 50 години. На 30. септември не се седи дома, на 30. септември се гласа се испишува историја, се гласа За европска Македонија”, повика Заев на трибината во Богданци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична за службеник од полицијата во Велес: незаконски ја повторил постапката и вратил оружје
Полицијата поднесе кривична пријава до велешкото Обвинителство против Н. Т., вработен како самостоен референт – контролор во Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи при СВР Велес.
Според пријавата, Н. Т. се сомничи дека сторил кривично дело несовесно работење во службата во постапка за одземање оружје и дозвола за поседување оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка.
Иако законскиот рок бил истечен, тој ја повторил постапката спротивно на Законот за општата управна постапка и донел решение со кое ја запрел, иако за истиот предмет Државната комисија во втор степен веќе имала донесено решение со правна поука дека лицето треба да покрене управен спор пред Управниот суд.
Со таквите дејствија, како што се наведува во пријавата, Н. Т. му овозможил на лицето да му бидат вратени одземеното оружје и дозволата за поседување оружје.
Одделот најави дека покрај кривичната пријава ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против Н.Т., како и задолжителна мерка — негово отстранување од работното место.
Македонија
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова ја формализираа соработката меѓу двете институции со потпишување на Меморандум за соработка.
Со Меморандумот се предвидува зајакнување на меѓусебната координација преку навремена, директна и взаемна комуникација, размена на суштински податоци и информации, како и подготовка и реализација на заеднички проекти со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Целта на Меморандумот е да овозможи систематски и усогласен пристап во размената на податоци меѓу институциите. Во таа насока, на Управата за јавни приходи ќе ѝ бидат ставени на располагање податоците од геодетско-катастарскиот систем, како и други информации и активности од заемен интерес.
Потпишувањето на овој документ претставува континуитет и продлабочување на досегашната успешна соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи.
Директорот Живковски изрази задоволство од потпишувањето на Меморандумот и истакна дека тој ќе придонесе за понатамошно интензивирање на соработката, преку взаемна поддршка и заедничко делување во исполнување на законските надлежности и остварување на заедничките цели на двете институции.
Македонија
Адем Чучуљ предложен за претседател на антикорупциската комисија
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Предлогот треба да помине и на пленарна седница на парламентот, која, според најавите, треба да се одржи на почетокот на декември.
Адем Чучуљ е актуелен генерален секретар во ДКСК и дипломиран правник со положен правосуден испит.
Огласот за пријавување кандидати за претседател на антикорупциската комисија беше објавен летово откога досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“.

