Македонија
Заев: Од септември поголеми плати за судиите
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за правда, Рената Дескоска, и министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска се сретна со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението, Џемали Саити, судија во Врховниот суд.
На средбата, на која позитивно беа оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнаа договор за формирање работна група со претставници од ресорните министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.
Во таа насока, премиерот Заев со претставниците на судиите констатираа дека од септември ќе се реализира зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, како и дека во тековниот буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за тековно исплаќање на надоместоците согласно со Законот за судиите и судските службеници.
Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со ребаланс на буџетот и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите, соопштија од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

