Македонија
Заев од Тирана: Ова што се случува е новата реалност, новата слика на регионот
До пред некое време едвај се среќававме и многу ретко седнувавме на заедничка маса, а ова што последните три-четири месеци се случува е новата реалност, новата слика на регионот. Имплементацијата на Декларацијата за спроведување на четири слободи на ЕУ во Западен Балкан, донесена во Охрид минатиот месец, веќе дава резултати за нашите граѓани и за економиите, истакна премиерот, Зоран Заев, на прес-конференцијата како завршница на третиот состанок на лидерите на Западен Балкан што денеска се одржа во Тирана.
„Утрово го посетивме Драч и јас сум се’ уште под емоции од трагите на уништувачката катастрофа што му се случи на овој град. Како најблиски соседи ќе продолжиме да помагаме колку што е можно и колку што е потребно. Апелирам до сите наши граѓани, до лидерите на бизнис заедницата во Северна Македонија, да продолжат со солидарноста и да им ја пружат неопходната помош на граѓаните од Драч и другите места. Трагедијата на Драч не поттикна да ја вклучиме взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби како уште еден столб во унапредувањето на нашата сорабтока во регионот“, рече премиерот.
Тој кажа дека во февруари во Белград надлежните институции на секоја од земјите на Западен Балкан ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка на дирекциите за заштита и спасување.
Премиерот Заев ги наведе остварените конкретни чекори од оваа иницијатива, како што се 24-часовно функционирање на граничните контроли за фитосанитарни и ветеринарни проверки, завршените преговори меѓу Северна Македонија и Република Србија за изградба на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, како и договорот меѓу царинските дирекции на Северна Македонија и на Албанија за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.
„Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување, е наскоро да станат– Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување. Во остварувањето на оваа цел свој придонес ќе има и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки. Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори“, нагласи премиерот.
Тој додаде дека во центарот на овие иницијативи се граѓаните од целиот регион и во нивни интерес е и меморандумот за слободно движење на лица со лична карта и унифицирање на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот.
„Се договоривме да започнеме процес со кој граѓаните од други земји надвор од Европа кои ќе влезат во некоја земја од Западен Балкан нема да има потреба за царинска контрола ако преминува во друга земја во регионот“, рече премиерот Заев.
Премиерот Заев на прес конференцијата потенцираше дека лидерите на состанокот во Тирана се согласиле да побараат од ЕБРД земјите од Западен Балкан да бидат вклучени како учесници на нивната февруарска конференција посветена на енергетиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

