Македонија
Заев оствари работна средба со раководството на ИВЗ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Дарјан Сотировски, оствари средба со раководството на Исламската верска заедница во Република Македонија, предводено од Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.
На средбата беа разговарани тековните прашања од интерес на ИВЗ, како и проблемите во функционирањето на муфтиствата.
Исто така, на средбата беа разгледани можности и перспективи за динамизирање на соработката во следниот период во насока на изнаоѓање соодветни решенија за преостанатите прашања со денационализацијата на верските имоти на ИВЗ.
За оваа верска заедница тема од интерес беа верските образовни институции, со посебна нагласка на проблематичниот статус на училиштата кои пропагираат и учат исламски верски фанатизам и радикализам.
Премиерот Заев ги афирмираше ставовите на Владата за почитувањето на верските потреби и слободи на граѓаните и за подобрување на комуникацијата со верските заедници за заедничко решавање на проблемите и зацврстување на меѓусебната доверба како клучен фактор во градењето заедничко општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)