Македонија
Заев побара поддршка од Естонија и Белгија во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет на ЕУ
Премиерот Зоран Заев денеска, во придружба на заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, и на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, непосредно пред почетокот на официјалниот работен ден на самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија се сретна со премиерот на Естонија, Јури Ратас, и со белгискиот премиер, Шарл Мишел.
На средбата со Ратас беше изразено задоволство од односите меѓу двете земји и подготвеноста да се создадат услови за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво за зајаканување на билатералните односи. Заев ги истакна искуствата на Естонија во однос на дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните и изрази надеж дека Естонија ќе помогне овие искуства да се применат и во дигитализацијата на работата на јавната администрација во земјата.
На средбата со премиерот на Кралството Белгија, Шарл Мишел, двајцата соговорници заеднички констатираа дека лидерството и реформски определената Влада ја донесоа неусловената препорака на Европската комисија за почеток на преговорите со ЕУ и со тоа е постигнат чекор повеќе на патот кон евро-атлантските интеграции. Премиерот Заев го информира својот белгиски колега дека реформите во Република Македонија продолжуваат со засилено темпо и дека очекува тоа да биде препознаено од ЕУ и од секоја земја членка и да се преточи во нова остварена одредница со утврдување датум за почеток на преговорите, кој се очекува како одлука на Советот на ЕУ во јуни.
На двете средби, со естонскиот и со белгискиот премиер, Заев ги запозна своите колеги со актуелниот политички миг во земјата и за текот на разговорите за прашањето со проблемот што Република Грција го има со уставното име на нашата земја. Премиерот Заев побара поддршка од Естонија и Кралството Белгија во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет на ЕУ и истакна дека очекуваниот датум за преговори за Република Македонија ќе превенира стагнирање на реформите и на економските процеси, како и интензивирање на национализмот и ќе го поттикне инволвирањето трети страни во регионот.
Премиерите на Естонија и на Белгија изразија надеж дека во претстојниот период Република Македонија ќе добие конктретна поддршка за постигнатите остварувања на патот до членството во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 7 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.

