Македонија
Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето
Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања поврзани со владините мерки против аерозагадувањето:
„Од десет милиони евра, до два милиона евра определуваме во буџетите, директно за еколошки програми. Ги зајакнавме сите програми на екологијата. Парите не одат на споменици, музеи, одат на гасификација. Спомнавме само 29 милиони за 76-те километри за овој северозападен дел од државата. Да не зборувам за сите филтри, интервенциите во училиштата. Апелираме до граѓаните, барем оние побогатите да ги сменат системите за греење. Никојпат никој не носел вакви одлуки. ‘Југохром’ е затворен“, рече премиерот Заев посочувајќи дека Владата презема мерки чија цел е заштита на здравјето на сите граѓани еднакво.
Тој посочи дека очекува успешна имплементација и на мерката за замена на старите грејни тела со инвертори и додаде дека очекува законските постапки да бидат запазени и кон крајот на ноември граѓаните ќе може да аплицираат за да го остварат правото за инвертори, поточно посочени локации.
„Бројката е 10.000 граѓани, тоа не е малку, за Скопје, Тетово, Кичево и за Битола. Многу е важно целата таа бројка да биде максимално искористена“, рече премиерот Заев, кој најави и в година продолжување на оваа мерка со многу поголеми средства.
Во однос на заштитата на одредени национални паркови и подрачја, премиерот оцени дека се стопирани и се преиспитуваат сите одлуки за кои постои сомнеж дека може да наштетат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

