Македонија
Заев: Поканата за НАТО нѐ охрабри да продолжиме со реформите
За Република Македонија интеграцијата во НАТО и ЕУ нема алтернатива, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Матис, кој денеска пристигна во посета на земјава.
Заев во своето обраќање истакна дека посетата на секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Матис, доаѓа во еден исклучителен период, кога граѓаните на Македонија се подготвуваат на најдемократскиот начин, на референдум, да го дадат својот глас за прифаќање на договорот со Грција од Преспа, а со тоа и за нашето членство во ЕУ и НАТО.
„Вашата посета е уште една потврда за афирмирање и охрабрување на нашето стратегиско партнерство, и претставува силен сигнал за исправноста на политиките на Република Македонија што ги презема на планот на промовирање на дијалог, толеранција и регионална соработка. Во таа насока, поддршката на Соединетите Американски Држава е секогаш тука и претставува силно охрабрување“, нагласи премиерот.
Заев потенцираше дека поканата за членство во НАТО што ја добивме во Брисел на 12 јули оваа година нè охрабри да продолжиме уште поинтензивно со реформите и со подготовките коишто ќе нè направат 30. членка на алијансата.
„За Република Македонија интеграцијата во НАТО и ЕУ нема алтернатива. Тоа го потврдува и огромното мнозинство на нашите граѓани. За граѓаните на Република Македонија консензусот по прашањето на нашето членство во НАТО е резултат за прифатените вредности што ги дели алијансата. Тоа го докажуваме и со нашето активно учество во мисиите на НАТО. Армијата на Македонија е посветен партнер на американските и на војниците на другите земји членки на НАТО во мировните мисии“, рече Заев.
Претседателот на Владата придружуван од членовите на владината делегација заедно со заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска одржаа пленарна сесија на која Матис беше придружуван од амбасадорот на САД, Џејмс Бејли, како и членови на Секретаријатот на одбрана на САД и претставници на американскиот Пентагон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

