Македонија
Заев: Промената на имињата на училиштата во Чаир е во согласност со Законот за основното образование
По детаљната анализа, правни тимови заклучиле оти промената на имињата на училиштата во Чаир била направена во согласност со членот 26 од Законот за основното образование, пишува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот профил на „Фејсбук“.
„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. По темелната анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е во согласност со членот 26 од Законот за основното образование. Кога училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето, со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, таа била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Бадентерово мнозинство не било неопходно“, пишува Заев.
Тој во објавата додава и дека одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.
„Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби. СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите, која се води исклучиво од словото на законот“, пишува Заев.
Вчера, на прес-конференција Заев рече дека државните органи треба да ја проверат основаноста на регистрацијата на новите имиња на двете основни училишта бидејќи таа одлука според него е незаконска. Тој вчера рече оти не може таква одлука да биде донесена врз основа на решение од некој училиштен одбор и дека правото треба да го почитуваат сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

