Македонија
(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство
Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, одговараше на повеќе прашања на новинарите, кои посебен интерес покажаа за иднината на СЈО и на преговорите за донесување на новиот закон за јавно обвинителство.
Премиерот Заев во својот одговор истакна дека решение за в.д. специјален обвинител за СЈО треба да се најде колку што е можно побргу.
„Јас верувам дека тоа решение со в.д. ќе биде само времено зашто се надевам дека сите политички партии ќе можеме да најдеме консензуално решение, не подоцна од 15 септември, за поддршка и за изгласување на законот на јавното обвинителство. Како што сум информиран, работните групи во понеделник ќе продолжат со работа. Знам дека е премостливо тоа што можеме да го решиме, секако почитувајќи ги црвените линии, а тие се иднината на предметите, иднината на СЈО. Работните групи ќе информираат за деталите, но како што ме информираа можам да кажам дека не е нерешливо ако сите покажеме одговорност“, истакна Заев и упати апел до правосудните органи, пред сè на обвинителскиот дел од правосудството, оваа ситуација да не дозволи да биде загрозен ниту еден предмет.
Премиерот Заев упати апел и до Советот на јавните обвинители час поскоро да постапи согласно законските решенија за избор на в.д. специјален јавен обвинител за да се обезбеди континуитетот на самите предмети и процеси.
На прашањето дали е оптимист дека работните групи кои работат на усогласувањето на разликите околу предлог-законот за ЈО, ќе постигнат согласност во понеделник за да помине законот во Собранието во вторник на првиот работен ден на законодавниот дом после летните одмори, премиерот Заев рече дека е оптимист зашто во предлог решението на законот веќе се содржани преку 80% од решенијата кои дојдоа како предлог на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Во предлог решенијата имаме спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал. Тоа обезбедува иднина и јас верувам дека во формулациите за обезбедување на иднина на самите предмети ќе се држиме до принципиелноста, до Уставот, законите. Очекувам да се договориме. Ако не се договориме, секој од пратениците ќе треба да се изјасни. Мојата надеж останува. Нема да коментирам дали има или нема двотретинско мнозинство. Тоа ќе се знае кога ќе дојде чинот на гласање. Но, искрено верувам дека заедно со опозицијата, со консензус, ќе ја обезбедиме поддршката на новиот Закон за ЈО“, потенцираше премиерот Заев на прашањето на новинарите за иднината на СЈО и за донесувањето на новиот закон за ЈО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

