Македонија
Заев се слушна со Мицотакис, очекува да продолжи соработката меѓу двете земји
Премиерот Зоран Заев телефонски разговараше со претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис и му ја честиташе победата на изборите, со што стана новиот премиер на Грција.
,,Имав телефонски разговор со господинот Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на нашиот сосед и пријател, Грција.Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери”, објави Заев на Фејсбук.
Тој вели за време на разговорот ,,ги потврдил позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразил благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ”.
,,Во разговорот упатив признание и честитки за успешните демократски избори со кои Грција уште еднаш покажува дека е водечка земја во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.
Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која поставивме темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која се вложивме заеднички да го решиме спорот кој 27 години ги попречуваше билатерелните односите меѓу нашите држави и народи”, додава Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

