Македонија
Заев – Соботка: Австрија останува силен поддржувач за ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, денеска се сретна со претседателот на Националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка.
На средбата било разговарано за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите, процесот на реформи, како и соработката меѓу двете земји.
Заев истакнал дека сите македонски институции се силно посветени на европската агенда.
„Во изминатиот период како држава и институции покажавме силна мотивираност во реформскиот процес за да дадеме дополнителни аргументи пред ЕУ. Донесовме сериозни законски решенија битни за државата и граѓаните, меѓу кои и законот за Јавното обвинителство, кое се донесе со двотретинско мнозинство, со што покажавме дека државните интереси ни се далеку пред партиските и во таа насока продолжува“, посочил лидерот на СДСМ.
Заев нагласил и дека Австрија е сериозен економски и политички партнер на Северна Македонија и затоа е важно соработката да се продлабочува.
Соботка, пак, уверил дека Австрија пред европските партнери ќе се заложи грешката од октомври да биде исправена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 12 степени
Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.