Македонија
Заев со сенатори на САД: Уверени сме дека Сенатот на САД ќе даде широка поддршка за ратификација на нашето членство во НАТО
Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на маргините на Самитот на шефови на држави и на влади на НАТО во Брисел, имаа средба со сенаторите од Соединетите Американски Држави Том Тилс, од Републиканската партија, и Џин Шајен, од Демократската партија.

Заев информираше на средбата за сите реформи и прилагодување што во изминатите години Република Македонија ги правеше и ги прави на планот на прилагодувањето на нашите одбранбени политики и на АРМ соодветно на НАТО-стандардите, како и за мисиите што припадниците на нашата армија ги реализираат, рамо до рамо, со американските, како и со војниците од другите земји сојузници од алијансата.
Премиерот Заев нагласи дека поканата за полноправно членство за нашата земја е и силен поттик за сигурност, стабилност и развој, како за нашата земја, така и за регионот.
Сенаторите Том Тилс и Џин Шајен на средбата испорачаа честитки за поканата Република Македонија да ја отпочне завршната фаза за членство во НАТО, и ја изразија нивната благодарност на Сенатот на САД за сојузот и за поддршката на нашата земја во мисиите на НАТО, и информираа за постапката за ратификација на нашето членство во НАТО во САД, за што изразија уверување дека во Сенатот на САД ќе добие широка поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

