Македонија
(Видео) Заев: Спортистите во Владата имаат партнер за обезбедување услови за високи спортски успеси
Премиерот Зоран Заев присуствуваше на настанот „Најдобрите спортисти за 2020 година“, организиран од Агенцијата за млади и спорт, предводена од директорот Наумче Мојсовски. Во обраќањето премиерот Заев им честита на спортистите и спортистките за сите постигнати успеси и признанија укажувајќи дека во него треба да гледаат како на искрен пријател кој сака да го поддржи спортот.
„Покрај постојните финансиски средства што федерациите и спортот ги добиваат од Агенција за млади и спорт, Владата обезбеди можност за дополнителни 10 милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем. Ваучерите станаа системска мерка и секоја година расте интересот за овој начин на поддршка на спортистите. Разликите сами по себе говорат: во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари за разлика од 2019 кога 639 фирми донирале 492,9 милиони“, изјави Заев.
Тој истакна и дека ќе бидат разгледани можностите за законско решение со кое ќе им се регулира и стажот на спортистите, дека се воведува родова еднаквост во спортот, со претензија да расте бројот на жените во органите на управување во спортските организации, почнувајќи од најмалку 30 % во 2020 година до 50 % до 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

