Контакт

Македонија

Заев: Убеден сум дека ќе најдеме решение за Гоце Делчев

Објавено пред

Верувам во европска Бугарија, убеден сум дека ќе изнајдеме решение за Гоце Делчев, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

dobivaj vesti na viber

„Ова е шестата историска личност за која треба да разговараме. Четвртото историско поглавје што е пред нас“, рече Заев.

Првата меѓувладина седница на Македонија и Бугарија се очекува кон крајот на годината.

„Напоменувам, актуелен, модерен, меѓународно интегриран и со изучување на универзитетите, македонскиот јазик, симбол на нашиот идентитет. Европска вредност е самоопределувањето. Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум испратен до членките на Европската Унија, со кои Бугарија го наведува македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Заев нагласи дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од какви било разговори.

„Мојот пријател, премиерот Борисов, се обраќа кон македонскиот народ, зборува дека постои македонскиот јазик и тука нема дилеми. Остануваме пријателски насочени затоа што преку пријателството можеме да ги решаваме сите проблеми“, рече Заев.

Во меѓувреме, Македонија и Бугарија се организатори, односно домаќини на Берлинскиот процес.

Македонија

Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието

Објавено пред

Од

Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.

dobivaj vesti na viber

Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.

Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.

„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

Објавено пред

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.

фото: архива

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Бутел денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот кој пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа1 час

(Видео) Путин се пофали со „летачкиот Чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Свет2 часа

Хеликоптер и борбен авион на американската морнарица се урнаа во одвоени инциденти во Јужното Кинеско Море

Два одделни инциденти во кои беа вклучени хеликоптер и борбен авион на американската морнарица се урнаа синоќа во Јужното Кинеско...

Македонија2 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа3 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа3 часа

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информираше за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ16 часа

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија16 часа

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија19 часа

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија20 часа

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет23 часа

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет1 ден

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет1 ден

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија1 ден

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија2 дена

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет2 дена

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...

Македонија2 дена

На гласачките ливчиња ќе останат имињата на кандидатите од Могила и Македонски Брод кои се повлекоа пред вториот круг

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња...

Македонија2 дена

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...