Македонија
Заев упати телеграма со сочувство по повод смртта на последниот македонски АСНОМ-ец, Перо Ивановски-Тиквар
Претседателот на Владата, Зоран Заев по повод смртта на Перо Ивановски – Тиквар, упати телеграма со сочувство до Сојузот на Борците на Република Македонија.
„Великанот на НОВ и учесник на Првото заседание на АСНОМ, Перо Ивановски остави неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за ослободување, самобитност, државност и независност на татковината “, напиша премиерот Заев во телеграмата.
Тој, во телеграмата нагласи и дека преданоста кон идеалите и борбата за поубава и слободна Република Македонија, животниот пат на Ивановски го прават судбински испреплетен со патот на нашата татковина. Перо Ивановски – Тиквар е роден 1920 година во Прилеп, бил учесник во НОВ, како и учесник на Првото заседание на АСНОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адвокатот Туферџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана
Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туферџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска е многу важен бидејќи со него се расчистија сите шпекулации, мистерии и тајни кои се провлекуваа во јавноста во изминатиот.
Тој смета дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната дека Александар немал никаква инволвираност со исчезнувањето на неговото дете.
„Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа рече дека нејзиниот сопруг не можел да се помири со фактот дека неговото дете е прелажано, бидејќи дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање“, рече Туферџиќ.
Додаде дека сите биле вознемирени и насочени со цел да се пронајде детето.
„Можам да констатирам дека денешниот исказ има логичен тек, има логична смисла, за разлика од исказот на истиот овој сведок во Јавното обвинителство, каде во некои клучни точки отстапува од она што денеска го слушнавме“, рече Туферџиќ.
Додаде дека Зорица сведочела за реалната состојба на работите, особено во делот каде сведокот раскажа како и на кој начин го известила таткото по телефон, и го видела во моментот кога пристигнувала дека излегувал од влезот.
Македонија
Водата од гостиварскиот водовод е безбедна
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем кои ги изврши Институтот за јавно здравје Скопје, во рамки на вонредниот инспекциски надзор на АХВ на 05.10.2024 година. Резултатите од испитaната вода, земени од три мерни места во Гостивар, се безбедни, односно физичко – хемиски и бактериолошки, одговараат со дефинираните критериуми за безбедност со Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл весник на РМ бр.183/2018). И присуството на манган е во граница на дозволените вредности.
„Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем“, велат од АХВ.
Македонија
Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата
Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа дека неговиот клиент e поврзан со кривичните дела за кои се товари.
Витановски вели дека мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска, во својот исказ не посочи дека го знае Палевски од претходно, не ги познава обвинетите, а не знае ниту дали нејзиниот сопруг се знаел со Палевски.
Ќерката на велешанецот, Панче Жежовски, Ана Киркова, пак, не ги знае обвинетите, го знае само Велибор Маневски, со кој нејзиниот татко имал судски спор.
Според Витановски, нема конкретни сознанија што би упатувале на заклучок дека некој од обвинетите може да се најде како сторител на кривично дело.
„Засега преку овие докази не може да се доведе до поврзаност со кривичните дела. Нема исказ кој би упатувал на тоа дека Палевски е сторител на ова кривично дело“, рече Витановски.
Тој се осврсна и на исказот дека таткото на Зорица имал купено стан од фирмата на Палевски, но на Ѓорчевска не и е познато дека меѓу нив имало некакви недоразбирања.
„Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент“, додаде Витановски.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеа Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања и Ана Киркова, ќерката на велешанецот, Панче Жежовски.
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.