Македонија
Заев учествува на Бледскиот стратешки форум
Премиерот Зоран Заев учествува на Бледскиот стратешки форум, кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“.
Премиерот Заев во Блед беше пречекан од премиерот на Словенија, Јанез Јанша, по што заедно се упатија на првиот лидерски панел, на кој свое обраќање имаше претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
Заев ќе учествува на попладневниот лидерски панел „Иднината на Европа – проширувањето“, на кое воведно обраќање ќе има претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.
На овој панел учествуваат и комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархељи, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, како и премиерите на Словенија – Јанез Јанша, на Црна Гора – Здравко Кривокапиќ, на Косово – Албин Курти, на Полска – Матеуш Моравјецки, на Албанија – Еди Рама, претседавачот и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, како и претседателите на Молдавија – Маја Санду и на Бугарија – Румен Радев.
На годинешниот Бледски стратешки форум во Словенија на другите панели ќе учествуваат и многу други шефови на држави и влади од регионот и пошироко од Европа, официјални највисоки претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.
Во рамките на својата програма за време на Форумот, премиерот Заев ќе има и неколку билатерални средби со дел од учесниците на Бледскиот стратешки форум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

