Македонија
Заев – Фон дер Лаен: Oчекувaме придвижување во однос на проширувањето на ЕУ

Премиерот Зоран Заев попладнево ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен.
Како што напиша тој на социјалните мрежи, оваа посета е уште едно охрабрување и признание за исполнетите задачи.
„Искажавме заедничко очекување дека на претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија ќе има придвижување во однос на проширувањето на ЕУ, како нејзина стратешка цел, а со тоа и одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година.
Во меѓувреме остануваме партнери и сојузници во справувањето со пандемијата, во спроведувањето на политиките за регионална соработка и европеизација на земјите од Западен Балкан со најавената силна поддршка од Европската Комисија“, напиша премиерот во својата објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Дневните температури во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.
Македонија
Мицкоски: Граѓаните чувствуваат горчина поради отстапките, ни ветуваа чуда, а ние баравме обични работи

Премиерот Христијан Мицкоски на гостување на „Euronews“ говореше за евроинтегративните процеси на државата и предизвиците со кои се соочува, но исто така и за отстапките кои се направени на тој евроинтегративен пат.
„Имате претстава дека претходно сте го промениле знамето, сте го користеле она времено име, сте го промениле уставното име, во неколку наврати сте го менувале Уставот и секогаш некој од Брисел на вас ви велел уште само ова и тоа е тоа“, рече премиерот Мицкоски во контекст на последните барања за промена на македонскиот Устав и дополни дека во иднина ќе продолжи да се бори и аргументите да ги пренесе секаде на светот.
„Да се научиме да победуваме, тоа постојано го говорам, и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Рим и во Париз, секаде во светот во поголемите европски и светски метрополи, а не само дома. Само на тој начин вие можете да ја убедите светската јавност во исправноста на вашите аргументи“, посочи Мицкоски и продолжи:
„Мојата политичка борба се темели да успеам тоа што е изгубено, барем делумно да го повратам, и граѓаните во оваа мултиетничка држава во којашто мнозинство се Македонците, но има и дел од Албанците, Србите, Власите, Бошњаците, Ромите, Турците и останати граѓани, да имаат подобар живот и во оваа не цела година дена тоа ми успева.“
Коментирајќи ги европските пораки за интеграциите на Западен Балкан премиерот Мицкоски кажа дека македонските граѓани, особено македонскиот народ чувствуваат фрустрација, но карактерот им е да веруваат во европски вредности.
„Од самиот почеток, уште од распадот на поранешната федерација, тоа беа двете стратешки цели, членство во НАТО и членство во ЕУ. Тоа е дел од карактерот на македонските граѓани и тоа не се менува преку ноќ, но да, чувствуваат малку горчина поради кнедлите коишто мораа да ги голтнат и се исфрустрирани затоа што многумина продефилирале тука во Скопје ветувајќи ни чуда, но за жал ние баравме само обични работи, но и тие обични работи не успеаја да ни ги испорачаат. Знам дека најголемиот дел од земјите членки сакаат да го видат Западен Балкан во ЕУ. Верувам во намерите на Берлин, Париз, Рим, Будимпешта, Брисел и би рекол на 26 земји членки на ЕУ, но знам на кого не можам да му верувам. И за жал сè додека важи правилото на едногласие во ЕУ, за нас претставува ризик каква било дополнителна отстапка којашто во периодот понатака би ја правеле“, заклучи премиерот Мицкоски.
Македонија
Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ.
Како што информираа од МВР, непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје околу еден час пред почетокот на концертот и рекло дека во салата има поставено бомба.
Од страна на МВР, веднаш биле преземени соодветни мерки. Веќе имало присутни во салата кои биле евакуирани, додека на другите им било кажано воопшто да не влегуваат внатре.
Според последните информации на полицијата, се работело за лажна дојава, а концертот, сепак, ќе продолжи вечерва.