Македонија
(Видео) Заев: Ќе ги убедиме државите членки дека заслужуваме датум за преговори со ЕУ

По исклучително добрата вест за неусловена препорака за старт на претпристапните преговори, посетата на Туск е охрабрување, но и одговорност, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
– Со признавањето на напредокот на земјата доаѓа и одговорнoста да продoлжиме со исто темпо. Нема време за опуштање, реформите ќе станат поконкретни, повидливи и поефикасни. Врз основа на извештајот на ЕК и во соработка со неа го подготвуваме планот 18. Ја убедивме комисијата дека заслужуваме препорака, сега и државите членки сакаме да ги убедиме. Ќе понудиме аргументи дека заслужуваме почеток на преговори и дека можеме да фатиме чекор со државите кои преговараат. Никогаш не сме биле поблиску до датум за почеток преговори за членство во ЕУ, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.