Македонија
Заедничка седница со косовската влада на 25 јануари
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одржа работен состанок со вицепремиерката на Косово, Албулена Балај Халимај. Груби на прес-конференција рече дека со неговата колешка разговарале за заедничката владина седница меѓу нашите две земји што ќе се одржи на 25 јануари следната година.
„Разговаравме за предлог-договорите што беа предложени од министрите на нашите две влади, а кои се многубројни. Овие предолг-договори ќе поминат и разгледуваат од техничките и политичките групи кои свечено на 25 јануари следната година да бидат потпишани од министрите и да бидат свечено презентирани за време на заедничката меѓувладина седница што ќе се одржи во Скопје“, изјави Груби.
Груби исто така информираше дека со косовската вицепремиерка разговарале и за одржувањето состаноци на техничките групи со цел да се комплетираат до крајот на оваа година сите текстови на договорите што ќе треба да бидат потпишани.
Халимај за време на заедничката прес-конференција му истакна на Груби дека е задоволна што гледа една влада којашто има добра волја да соработува со Република Косово, потенцирајќи дека косовската страна е исто така многу заинтересирана за потпишување договори кои се во интерес на нашите земји, но исто така и на нашите граѓани.
„Досега има околу 20 договори кои се очекува да бидат потпишани и за кои ќе се разговара на ниво на експерти, техничко ниво и потоа и од политиката. Постојат многу договори што беа потпишани претходно со Република Северна Македонија и кои беа и сè уште се успешни. Она што вреди да се спомене на оваа меѓувладина седница важна точка е потпишувањето на договорот за граничните премини кои ќе станат One Stop Shop или едношалтерски систем “, рече Балај Халимај.
Двајцата вицепремиери оценија дека Република Северна Македонија и Република Косово имаат и ќе продолжат да одржуваат добри билатерални односи и дека целта на двете земји е интеграција во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

