Македонија
Законот за амнестија за убијците во „Монструм“ и други криминалци нема да помине, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Законот за амнестија за убијците во ‘Монструм’ и други криминалци нема да помине, ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, а при ставено европско знаменце напушта парламент. ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира убијците од ‘Монструм’, криминалци што извршиле тешки кражби, кои переле пари, кои правеле измами, да бидат амнестирани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта прави договор со мафијата за да ѝ одработи пред избори.
СДС и ДУИ сакаат на улица да пуштат стотина криминалци со дебели криминални досиеја по принципот како тоа што го направија пред 5 години.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дерогирање на правото и ќе направиме сè да се спречи самоволието на власта“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

