Македонија
Законот за јазиците во фиока – нема рок во Уставот за Иванов да го потпише указот

Членот 75 од Уставот пропишува дека во Македонија законите се прогласуваат со указ. Указот може да го потпишат претседателот на државата и претседателот на Собранието. Ако Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, но за тоа нема предвидено законски рок, што остава простор претседателот Иванов никогаш да не го потпише указот за прогласување на спорниот закон за употреба на јазиците, кој вчера го изгласаа пратениците. Во третиот став од членот 75 од Уставот пишува дека претседателот е должен да го потпише указот, само доколку законот е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, што во врска со законот за употреба на јазиците не е случај. Законот се смета за дефинитивно донесен само тогаш кога претседателот на Републиката со свој потпис ќе го парафира указот за негово прогласување. Потоа се пристапува кон објавување.
Во однос на можноста што се заговара кај дел од општата јавност дека постои можност Џафери да го потпише указот наместо Иванов, членот 82 од Уставот пропишува дека функцијата претседател на државата ја врши претседателот на Собранието, само во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот по сила на Уставот до изборот на нов претседател на Републиката. Некои од правниците што ги консултира „Макфакс“ потврдија дека не паметат случај кога е донесен закон, а тој претходно да не биде потпишан од претседателот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.