Македонија
„Да не се шират дезинформации, бројот на жртви во Кочани е 59“, Владата со повик да не се објавуваат непроверени информации
„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани и во знак на почит кон загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување шпекулации и дезинформации сѐ со цел да не создаваме дополнителна болка, но и стрес кај јавноста. Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал, млади луѓе, кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми, повикувајќи се на разноразни непроверени извори, шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста“, велат од Владата.
„Во овие моменти на тага, ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за целата држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.
Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај соодветно ќе одговара.
Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.
Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица што се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација, во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070 270 370.
Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти.
Воедно, информираме дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените, кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние што тековно се испраќаат“, се наведува во соопштението на Владата.
Во прилог броевите:
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
075/273-732
075/268-736
Турција-Анкара
+90 5316579200
+90 5335725684
Турција-Истанбул
+90 542 810 99 78
+90 552 561 80 09
Грција-Атина
+30 6944190134
+30 6947736602
Грција-Солун
+30 694 525 8536
Бугарија
+359 876123768
+359 876112993
+359 889210005
Србија
+381 601382942
+381 601427455
Унгарија
+363 03037377
Литванија-Полска
+48 608141191
Австрија
+436644680520
+436767069209
Словенија
+386 41 353 198
+386 40 800 747
Хрватска
+385 99 524 4741
+385 91 608 2944
Норвешка
+47 406 31 613
+47 922 34 630
Италија
+39 3384079247
+39 3518504187
Полска
+48 608 141191
Шведска
+46 701844605
+46 768792019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

