Македонија
Почна дистрибуцијата на „Европската младинска картичка”
Проектот „Младинска картичка“ почна со реализација и доставени се првите стотина картички до млади на возраст од 15 до 29 години. На територијата на цела држава над 300 субјекти, како угостителски објекти, театри, кино-сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги.
Од владејачкиот СДСМ велат дека проектот „Младинска картичка“ обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите.
Со овој проект, како што најавија од партијата, ќе се намалат трошоците, но и позитивно ќе се влијае и на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.
„Активните младински политики се клуч за задржување на младите дома. Како одговорна партија, остануваме посветени на обезбедување подобри услови за младите, повисок студентски стандард, помали трошоци и еднаква шанса за сите млади. Младите и квалитетните младински политики се приоритет за Владата предводена од СДСМ“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриева: Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9
Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.
Димитриева на самиот почеток истакна дека време е за промени во општина Демир Капија и наброи дел од проектите на изборната програма.
„Време е за промени, доволно беа овие осум години, водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, млади кои заминуваат, Демир Капија повеќе не е општина со развој. Затоа, секој нереализиран проект е потрошено време, секое лажно ветување претставува разочарување на секој граѓанин. За да постигнеме развој во општината, потребно е да започнеме од најприоритетните проекти. Најпрво од село Прждево, жителите после осум години заслужуваат да добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе изградиме објект по сите стандарди кадешто ќе имаат станица со хлор, во село Корешница ќе имаме барање до Регулаторна Комисија за намалување на цената на водата, најмалку до 10%, во село Бистренци ќе се санираат сите недостатоци кадешто имаме недостаток на вода, исто така во Село Дрена, Чифлик ќе се реализираат канализациската мрежа. Имаме и други приоритетни проекти кадешто имаме асфалтирање на улици во село Чифлик, Дрен, Бистренци, и Корешница“, истакна Димитриева.
Димитриева исто така посочи дека благодарение на финансиските средства од Владата во Демир Капија ќе се реализираат повеќе проекти и ги повика граѓаните на 2 Ноември да го направат вистинскиот избор за конечно да се врати достоинството во Демир Капија.
„Исто така голема благодарност до Владата на Република Македонија која во општина Демир Капија издвои средства во износ над 35 милиони во коишто ќе се реализираат повеќе проекти и тоа: Доизградба на кујна во основно училиште Димче Ангелов-Габерот, проект за улично осветлување, проект за канализациски мрежи, проект доизградба на фудбалско игралиште. Ве повикувам, на 2 Ноември да излеземе што помасовно, да го дадеме својот глас за бројот 9 за да го вратиме достоинството во општина Демир Капија“, децидна е Димитриева.
Македонија
Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека нема никакво истекување на линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, реагирајќи на информациите што се појавија во јавноста.
Од Министерството уверуваат дека континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот, кој претставува еден од најголемите еколошки предизвици во земјата.
Во средата, на 22 октомври, во вечерните часови бил извршен вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан ниту нарушување на безбедноста на локацијата.
Министерството потсетува дека веќе неколку години активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати, а паралелно се бараат најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување со санација на големиот лот, кој е следната приоритетна фаза.
Министерството нагласува дека останува целосно посветено на транспарентност, редовен надзор и безбедно спроведување на сите активности, со цел создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани.
Македонија
Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман
На денешниот настан во општина Росоман под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат следната недела на 2 ноември, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски на самиот почеток објасни дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите претходни влади, и тоа по обезбедувањето на финансиски средства за проекти за сите општини подеднакво, независно од која политичка гарнитура доаѓаат градоначалниците.
„Ние потпишавме договори и обезбедивме финансирање на проекти во вкупна вредност од половина милијарда евра, нешто што досега не е запаметено во независна Македонија, тоа никогаш не го направила ниту една влада во четири години, што ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција го направија за 16 месеци. Притоа бевме свесни и не се однесувавме како што се однесуваше претходната влада на СДСМ и ДУИ да бидеме негативни, и да ги казнуваме граѓаните во општините во коишто градоначалникот е од опозицијата напротив, ние сакавме и сакаме и во иднина така ќе се однесуваме како Влада на сите граѓани, без разлика дали во тие општини градоначалникот е од опозицијата или е од Владата“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски исто така истакна дека Росоман има градоначалник кој не ја заслужува довербата на граѓаните, и дека треба да се остават во минатото луѓето кои освен ограбување на сопствениот народ, понижување и национално распродавање на Македонија, ништо друго не покажале.
„Но, овде во Росоман имаме градоначалник којшто апсолутно не ја заслужува довербата на граѓаните. Да ги оставиме овие рецидиви на минатото, да ги оставиме на онаа седумгодишна власт којашто ја ограбуваше Македонија, ја понижуваше во минатото. Да излеземе масовно на 2 Ноември и да го дадеме својот глас за бројот 9 и за Ѓорѓи. Втората опција е за излезете и да го дадете својот глас за коалицијата којашто имаше можност седум години да направи нешто за Македонија, како што велат, тие да се борат за својот дом, но освен борба за нивните џебови и ограбување на народот и понижување и национално распродавање на Македонија, ние ништо друго не видовме“, посочи Мицкоски.

