Македонија
Запира кампањата „Вистината за ДУИ“, на потег МВР да ги истражи злоупотребите
Портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири, на денешната прес-конференција информираше дека од денеска се прекинува кампањата „Вистината за ДУИ”, но не затоа што нема нови докази за злоупотреби, туку за да се остави простор надлежните органи да дејствуваат во согласност со утврдените прекршоци.
„Сите повреди и злоупотреби кои сме ги утврдиле при внатрешните контроли, односно за сите случаи каде што постои основано сомнение за сторен прекршок или кривично дело, сме ги пријавиле пред надлежните органи: Министерството за внатрешни работи – Финансиска полиција, Јавно обвинителство“, истакна Демири
Тој рече дека покрај тоа што Општина Гостивар има побарано контрола од страна на државната ревизија, побарано е исто така и трудовата инспекција и Државниот инспекторат за образование да спроведат вонредни контроли со цел вистината да излезе на виделина и за каква било злоупотреба да се побара одговорност.
„Општина Гостивар ќе продолжи со внатрешни контроли за работата на општинските раководства во минатите мандати, без да се заобиколи и работата на општинската администрација во овој мандат. Значи, никој не може да бега од одговорност бидејќи никој не смее да биде над законот. Не постои човекот за државата, туку државата постои за човекот“, истакна општинскиот портпарол. Тој изрази уверување дека судскиот систем во земјава час поскоро ќе се реформира и сите прекрштели на законот и криминалците ќе ја добијат заслужената казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

