Македонија
Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското Езеро
Државниот инспекторат за земјоделство вчера организира акција за спречување рибокрадци. Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид, а беше иницирана од сознанијата дека во водите на Охридското Eзеро се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани.
„Целта на акцијата е сузбивање на погоренаведените состојби. Запленети се вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36.5 килограми. Одземени се 68 рибарски мрежи и 6 мрежи за лов на јагула. Воедно запленети се и 20 мрежи за лов на белвица. Овие мрежи се во сопственост од познат сторител“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
При чистење на белвичарските мрежи беа извадени 20 парчиња подмладок од охридска пастрмка, со тежина од 150 до 200 грама кои беа внимателно извадени и вратени во Охридското Езеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.
Македонија
Магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри Прилеп и Македонски Брод, 50 до 70 метри Струмица и Берово и на патниот правец Тетово – село Гајре, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)