Македонија
Започна проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион
Денеска во општинската зграда на Тетово се одржа првиот состанок за промовција на почетокот на имплементација на проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион.
На настанот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, амбасадорот на Швајцарија Сибил Сутера Техада, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи и раководителот на Центарот за развој на Полошки плански регион, Фатмир Саити.
„Полошкиот Плански Регион ќе се приклучи во решавањето на проблемот со еколошки несоодветното одлагање на отпадот на општинските и останатите “диви” депонии, кои треба итно да се затворат, или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон“, истакна Дураки.
Министерот потенцираше дека проектот ќе воспостави соодветен систем за собирање, третман и преработка на комуналниот отпад, систем кој е усогласен со европското законодавство.
„Ова секако бара практични и финансиски изводливи решенија на приоритетните проблеми, за што посебно сме благодарни на Владата на Швајцарија која несебично го поддржува овој процес“, рече министерот Садула Дураки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

