Македонија
Засадени нови дрвја кај Камени мост, во Ѓорче Петров и во Чаир
Екипи на Градот Скопје денеска засадија нови дрвја на три локации, и тоа кај Камениот мост, во Ѓорче Петров и во паркот во Чаир. Засадени се над 50 висококвалитетни повеќегодишни садници.
„Продолжуваме со пролетната акција за зазеленување на градот, овој пат на три локации. На потегот меѓу Камениот мост и Музејот на македонската борба засадуваме дваесетина висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јасен. Дрворедот што постоеше на оваа зелена површина пред реализацијата на проектот ‘Скопје 2014’ беше уништен и заменет со прескапи палми чија судбина е добро позната во јавноста. Ние зедовме обврска пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило кое претходната власт го уништуваше каде што ќе стигнеше, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
По завршувањето на пролетната акција за садење нови 2.000 дрвја, Градот Скопје со активностите за засадување садници ќе продолжи наесен, кога ќе бидат засадени нови 8.000 дрвја. Со тоа Скопје оваа година ќе добие повеќе од 10.000 нови висококвалитетни садници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

