Македонија
За битолската болница, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и од Владата и од Меџити: „Не е виновен само директорот“
За тоа што нема корективни мерки за состојбата во болницата во Битола одговорни се и министерот за здравство и Владата, не само директорот, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Обвинија за системски пропусти во болницата во Битола, каде што пред повеќе од 20 дена почина малата Јана и пред четири дена почина новороденче. Велат дека нема разрешница на случаите од стручен аспект, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерство за здравство не одговорија.
„Кога била последната контрола во болницата во Битола и што конкретно е утврдено за примената на Законот за евиденциите во здравството?; Колку редовни и вонредни контроли се извршени во ЈЗУ во последната година, каде се евидентирани неправилности, врз основа на овој или други закони кои се однесуваат на здравствен третман?; Кои се корективните мерки по овие надзори?; Кои мерки ги имаат преземено надлежните институции за заштита на здравјето на трудниците и новороденчињата, особено во сегментот кој се однесува на лекарски надзор, за да не дојде до вакви немили настани?; Зошто Комитетот за безбедно мајчинство не реагира за аномалиите кои се однесуваат на овој сегмент, следи ли дали има почитување на протоколите за безбедност на мајките и децата и кои мерки и препораки ги презема?; Зошто Министерството за здравство не презема апсолутно ништо за решавање на проблемот со недостиг на кадар во битолската болница?; Зошто ништо не се презема за лошата инфраструктура и условите за третман на пациентите во болницата?“, прашуваат од партијата.
Комисијата за здравство на ВМРО смета дека овие системски пропусти, непреземање корективни мерки, со неконтролирање на протоколите за работа во установите, со невработување кадар и неинвестирањето во инфраструктурата уште еднаш се потврдува дека одговорноста не може да се лоцира само кај директорот на установата, туку и кај Министерството за здравство и Владата и затоа сите мора да одговараат.
Барат транспарентност со стручни факти и аргументи и целосно расчистување на двата немили настана што се случија за нецел месец во болницата во Битола, пред сѐ, заради враќање на довербата во јавно-здравствениот систем и преземање институционални мерки итно и неодложно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

