Македонија
За викенд мобилни тимови ќе им помагаат на граѓаните од општина Кисела Вода
Во контекст на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на коронавирусот Ковид-19, Општина Кисела Вода обезбеди мобилен тим кој ќе им помага на ранливите категории граѓани за време на викендот.
В сабота и в недела, во периодот од 9:00 до 13:00 часот, лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош, како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот број 072/314-976.
Услугата е обезбедена од страна на Општина Кисела Вода и доставата ќе биде бесплатна.
Воедно, ве информираме дека за време на викендот, односно в сабота и в недела, дежурна аптека ќе биде аптеката „Зегин”- Драчево 1, лоцирана на ул. Димитрија Чуповски бр. 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 7:30 до 15:00 часот.
Општината работи со изменето работно време – од понеделник до петок, од 8:00 часот до 13:00 часот.
Од денеска во 16 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните на ниво на целата територија на државата, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден. За време на викендот, пак, се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16 часот до 5 часот во понеделник на целата територија на државата. Дополнително, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот.
За младите лица до 18 години забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот.
Според одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

